ВАРДАРГРАДБА ДОО Скопје е трговско друштво за производство, проектирање и инжинеринг со седиште на Ул.„1“ бр.2А, н.м.Трубарево – Скопје. Основана е во 1999 год. од страна на г-дин Тасески Петар, дипл.град.инж., а Управител и овластен потписник е Гочевски Сашо.

Во Вардарградба ДОО Скопје се вработени 125 лица со различна кадровска структура

ЗАЛОЖБА НА РАКОВОДНИОТ ТИМ И ВРАБОТЕНИТЕ НА ВАРДАРГРАДБА ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Животна средина

“Вардарградба“ ДОО е компанија која како правно лице, со нејзиниот промет на работа и дејствување е вклучена во сите области на животната средина.

Согласно со законската регулатива “Вардарградба“ ДОО има добиено Б-интегрирани еколошки дозволи и тоа: за локација Трубарево (Дозвола бр. 18/08-8490/13 од 25.07.2018 год.) издадена од Град Скопје, за локација Бардовци (Дозвола бр. УП1-11/3-72/2017 од 29.08.2017 год.) издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање и за каменолом Подцуцул (Решение бр. 24-289/3 од 29.01.2021 год. издадена од општина Сопиште, во коi се предвидени сите мерки за заштита на животната средина.

ДЕЈНОСТ

Основна дејност на фирмата е изведба на хидро-градежни објекти и објекти од висока градба (шифра на дејност – Реф. 1- 145.24, Реф. 2- 42.91) како и производство на градежни производи (песок,бетон и др.) на две локации, во сепарација во н.м.Трубарево (Управа) и сепарација во н.м.Бардовци (Подружница). Во текот на овие години “ВАРДАРГРАДБА” – ДОО, Скопје има учествувано на повеќе проекти и изградено многу објекти ширум нашата држава, каде како инвеститори се јавувале Владата на РМ преку нејзините ресорни министерства, Општини и странски организации (OSCE,EAR,UNDP, Delegation of the European Union).

Градежна опрема и механизација

Располагаме со соодветна градежна опрема и механизација како и со стручен кадар кој ни овозможува навремено, квалитетно и професионално да одговориме на нашите обврски.

Соработуваме и со голем број на фирми кои редовно и навремено не снабдуваат со градежни материјали со кои не располагаме и кои го имаат потребниот квалитет.

Сертификати и Лиценци

За нашата досегашна работа потврда е и сертификатот за Системот за управување со квалитет (ЉМС) според барањата на ИСО 9001:2015 стандардот потврден од BSI (British Standards Institution) од Лондон, последниот ISO 14001:2015, како и OHSAS 18001-2007. Поседуваме и Лиценца А за изведувач на градби од прва категорија.

Погледнете ги нашите лиценци и сертификати на следниот линк »»