Животна средина

“Вардарградба“ ДОО е компанија која како правно лице, со нејзиниот промет на работа и дејствување е вклучена во сите области на животната средина.

Согласно со законската регулатива “Вардарградба“ ДОО има добиено Б-интегрирана еколошка дозвола за локација Трубарево (Дозвола бр. 18/08-8490/13 од 25.07.2018 год.) издадена од Град Скопје и за локација Бардовци (Дозвола бр. УП1-11/3-72/2017 од 29.08.2017 год.) издадена од Министерство за животна средина и просторно планирање, во која се предвидени сите мерки за заштита на животната средина.

Во 2014 година „Вардарградба„ ДОО го сертифицираше и стандардот за Управување со животна средина ISO 14001:2004 и во 2017 год. изврши транзиција во ISO 14001:2015. .

Сеопфатна цел на овој меѓународен стандард е да ја поддржи заштитата на животната средина и да го спречи влијанието на загадувањето во воздухот, површинските и подземните води и во почвата. Ваков систем за управување со животната средина е неопходен како на ниво на компанијата, така и на ниво на државата, а се со цел постигнување глобален одржлив развој, во интерес на идните генерации.

Управување со отпад:

Комунален отпад

Постапувањето со комуналниот отпад од административната зграда и инсталацијата на „Вардарградба“ ДОО се врши по пат на селектирање на отпадот според вид на отпад и истиот се складира во посебни садови на соодветни места. Количеството на создаден/предаден отпад соодветно се евидентира во Евидентни листи за постапување со отпад, пропишани од законската регулатива на Р. Македонија. Во административната зграда се поставени и специјални кутии за собирање на искористена хартија со цел рециклирање на истата.

Отпадни масла

Со отпадните масла од инсталацијата сепарација на „Вардарградба„ ДОО се постапува согласно со законската регулатива на Р. Македонија, истите се евидентираат и се предаваат на овластена компанија.

Емисии во вода

Согласно со Законската регулатива на Р. Македонија и Б-интегрирана еколошка дозвола „Вардарградба“ ДОО е должна да врши мониторинг и мерење на технолошката отпадна вода која излегува од инсталацијата за сепарација на песок на локација Трубарево и Бардовци и бетонската база на локација Трубарево, два пати во годината (во летен и во зимски период). Преку акредитирана лабораторија која ги исполнува условите за вршење на мерења од овој тип, се врши земање на мостри, анализа и следење на квалитетот на водата пред испуст во канал т.е реципиент. Земените мостри од отпадната вода се во рамките на максимално дозволените количества (МКД).

Емисии во воздух

Согласно со барањата на и Б-интегрирана еколошка дозвола „Вардарградба“ ДОО е должна да врши мерење на квалитетот на амбиенталниот воздух околу двете локации (инсталацијата за сепарација на песок во Трубарево и Бардовци) два пати во годината. Преку акредитирана лабораторија која ги исполнува условите за вршење на мерења од овој тип, се врши земање на мостри, анализа и следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Земените мостри се во рамките на максимално дозволените граници (МКД).

Бучава

Согласно барањата на и Б-интегрирана еколошка дозвола и согласно дејноста на компанијата при процесот на работа на инсталацијата на „Вардарградба“ ДОО на локација Трубарево и Бардовци, има појава на зголемена бучава во животната средина. Преку акредитирана лабораторија која ги исполнува условите за вршење мерења од овој тип, се вршат мерење на бучава на 10 мерни места во Трубарево односно 2 мерни места во Бардовци. Согласно извршување мерење, нивото на бучава не ги надминува границите на бучава предвидени со Законската регулатива.

ОДГОВОРНОСТ НА СИТЕ ВРАБОТЕНИ

Сите вработени во „Вардарградба„ ДОО се одговорни за исполнување на договорените барања,  а воедно  и  вршење на својата работа согласно со Политиката за квалитет и животна средина, принципите и  праксата на компанијата. Сите вработени работат во согласност со документрираните постапки и работни упатства за заштита на животна средина.